Анализи

Ренак: Секој играч на македонскиот пазар ќе го почувствува доаѓањето на „Лидл“

10 Mar 2021

Наместо во сегментот дисконтери, како што е „Кам“, „Лидл“ во С. Македонија повеќе ќе се позиционира во сегментот на „Веро“, како и на поголемите маркети на „Тинекс“ и на „Рамстор“.

Ова во ексклузивната анализа за InStore го пишува Себастијан Ренак, сениор аналитичар на малопродажба за Централна и Источна Европа во „Либенсмител цајтунг“. Тој прави споредба на работењето на германскиот трговец  со пазарите на кои од поодамна е присутен и пазарите во развој во Европа и го опишува начинот на неговото позиционирање во локалните средини.

Она што е најважно е што „Лидл“ игра на картата на квалитет, користејќи го германското потекло. Ореолот на квалитет е поврзан со трговската марка Made in Germany која „Лидл“ ja користи како USP (Unique Selling Proposition – единствена продажна понуда) за приватните трговски марки, кои сочинуваат од 65 до 70% во целокупниот асортиман. За да го потврди квалитетот, дисконтерот користи печати и сертификати од трети страни, како и резултати од нарачани истражувања на пазарот, пишува во анализата. 

Во екот на пандемијата на Ковид-19, „Лидл“ ја зајакна перцепцијата за цените во речиси секоја земја каде што е присутен со кампањата „Лидл цена“ (Lidl Price). Може да бидеме сигурни дека секој играч на македонскиот пазар ќе го почувствува доаѓањето и присуството на „Лидл“, заклучува Ренак. 

Целата анализа можете да ја прочитате во најновото, мартовско издание на InStore или на овој линк (стр.48-49). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...