Одржани

Успешно управување со брендот и организација на маркетингот

13 фев 2018

На 26 и 27 април, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница „Како успешно да управувате со брендот, медиумите, однесувањето на потрошувачите и организацијата на маркетингот", наменета за маркетинг-менаџери, сениор бренд-менаџери и бренд-менаџери.

Работилницата за совладување на вештината на ефикасно управување со брендот и со портфолиото на брендот, како и развојот на адвертајзингот и медиумските кампањи на комплетно поинаков начин, ќе ја води Дарко Лукиќ.

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Како да ги користите истражувањата на пазарот како основа за носење ефикасни и ефективни одлуки;
  • Дознајте зошто продажната бренд-аналитика е најважна основа за ефикасно управување со брендовите;
  • Совладајте ја вештината на ефикасно управување со брендот и со портфолиото на брендот;
  • Пристапете му на управувањето со развојот на адвертајзингот и медиумските кампањи на комплетно поинаков начин;
  • Совладајте ги ефикасното управување и оптимизацијата на медиумите;
  • Откријте како да го привлечете и да го задржите вниманието на потрошувачот, а потоа и како да го конвертирате во купување на вашите производи;
  • Дознајте кои познавања од менаџментот на продажбата ви се неопходни за подобро да управувате со вашите брендови;
  • Совладајте ги вештините на селекција, управување и водење на вработените во менаџментот и маркетингот на брендовите.

КАКО УСПЕШНО ДА УПРАВУВАТЕ СО БРЕНДОТ, МЕДИУМИТЕ, ОДНЕСУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА МАРКЕТИНГОТ

ДЕН 1: Како успешно да се управува со брендот?

  • Клучни техники и типови на истражување на пазарот;
  • Аналитички алатки за управување со брендот;
  • Управување со портфолијата на брендовите;
  • Иновации и креирање на нови производи;
  • Ценовно позиционирање на брендот;
  • Продажни фундаменти за бренд-менаџерот: DPSM (distribution, price, shelving, merchandising);
  • Како да се креира адвертајзинг кампања што ќе му донесе додадена вредност на вашиот бренд.

ДЕН 2: Како успешно да се управува со медиумите, однесувањето на потрошувачите и организацијата на маркетингот?

  • Управување со медиумите: како успешно да се изврши оптимизација на медиумскиот микс и да се доведе потрошувачот на местото на продажбата;
  • Шопер-маркетинг: како да се влијае на потрошувачот да го избере токму вашиот производ;
  • Како успешно да се управува и да се води тимот за маркетинг (бренд менаџмент).

ЗА ПРЕДАВАЧOT:

Дарко Лукиќ консултант, м-р по економски науки

Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG („ING Bank", „Nestle Adriatic", „Henkel CEE HQ Austria", „Henkel Srbija").

Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija". Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.

Потоа, работи на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma" од Белград. Клиенти: „Beiersdorf", „Mondellez", „Telenor", „Whirlpool", „Lesaffre", „Ikea". Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Моментално работи како маркетинг консултант за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг, што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе;
  • Ручек;
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
  • Сертификат за успешно завршена работилница.

Локација: Јавна соба

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...