Нови

KAM 2.0 – Управување со клучни купувачи и преговарање

25 мар 2021

Еднодневниот вебинар „KAM 2.0 – Управување со клучни купувачи и преговарање“ со Дарко Лукиќ ќе се одржи на 16 април, а е наменет за КА-менаџери, менаџери за продажба и унапредувачи на продажбата...

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Усовршете ги знаењата од областа на креирањето комерцијална политика на корпорациите кон клучните купувачи;
  • Стекнете нови знаења од областа унапредување на профитабилноста на клучните купувачи;
  • Подобрете ги резултатите со примена на 8-те фази на преговарање – од отворање, до заклучување на преговорите;
  • Унапредете ја преговарачката успешност на тимот што го предводите во преговорите со клучните купувачи;
  • Унапредете ги сопствените знаења согледувајќи ги најновите трендови во развојот на малопродажните формати до 2023 година. Запознајте ги проекциите за тоа како ќе изгледа продавницата во 2040 година.

КОТИЗАЦИИ

  • 1 учесник – 129 евра + ддв
  • 2 учесници од иста компанија – 119 евра (по лице) + ддв
  • 3 учесници од иста компанија – 109 евра (по лице) + ддв
  • 4 и повеќе учесници од иста компанија – 99 евра  (по лице) + ддв

Срме Серафимовска, srme@instore.mk 070 375 220

АГЕНДА (16 АПРИЛ 2021 ГОДИНА)

09:00 – 10:30

Продажниот процес и неговите фази:

  • Како успешно да се идентификува клучниот купувач и неговите потенцијали?
  • Шест фази во процесот на продажба на клучниот купувач.

10:30 – 10:45

Пауза

10:45 – 12:15

Комерцијална политика и директна профитабилност на купувачот:

  • Како изгледа успешната комерцијална политика кон клучните купувачи;
  • Управување со профитабилноста на клучните купувачи.

12:15 – 13:15

Пауза

13:15 – 14:45

Преговарање 2.0 – што сакаме да постигнеме со секоја од 8-те фази на преговарање?

  • Клучни методи и техники на 8-те фази на преговарање;
  • Тимско преговарање и улогите во тимското преговарање.

14:45 – 15:00

Пауза

15:00 – 16:00

Најновите трендови во развојот на малопродажните формати:

  • Најсовремените малопродажни трендови во Европа: „Лидл“ и „европските ѕвезди во подем“;
  • Најновите трендови за развој на онлајн-продажбата: „Алибаба“, „Амазон гоу“...
  • Како ќе изгледа продавницата во иднина?

ОРГАНИЗАТОРИ: 

За предавачот:

Дарко Лукиќ, консултант

Дарко Лукиќ е консултант и предавач за менеџмент, продажба и за маркетинг. Дваесетгодишното работно искуство во бизнисот го пренесува преку програми од областа на менаџментот, управувањето со клучните купувачи, продажбата, управувањето, мотивацијата, традиционалниот и дигиталниот маркетинг.

Во текот на 18-годишната корпоративна кариера, се усовршува во менаџирање и на лидерски позиции во водечки мултинационални компании, како што се: „ING Group“, „Nestle“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“. Кариерата на консултант, ментор и предавач ја почна во 2016 година, преку соработката со „Delta Holding“, UNICEF и магазинот InStore, а во наредниот период продолжи да соработува со голем број српски и интернационални компании.

Семинарите и говорите, на водечки регионални FMCG-конференции, ги реализира на српски и на англиски јазик во Србија, Македонија и во БиХ.

Нуди услуги за советувања, менторство и едукација, а меѓу неговите клиенти се: UNICEF, „Delta Holding“, „Philip Morris“, „Lesaffre“, „Pernod Ricard“, „Imperial Tobacco“, „Stihl“, „Western Union“, „Garmin“, „Yuhor“, „Fun&Fit“, „Danubius“, „ComTrade“, „Nectar“, „MD International“, „Vital“, „Omnico distribucija“, „G3 Spirits“, „Gorki List“, „Gomex“, „Orbico“, „Fructal“, „Perutnina Ptuj“, „Atlantic Trade“, „Badel 1862“, „Alca Trgovina“, „АВТ интернационал“, „Алкалоид“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Пелистерка“, „Макпрогрес“, „Прилепска пиварница“, „Виталиа“, „Кола“, „Рамстор“, „Рептил“ итн.

Тој е на листата консултанти на ЕБОР (Евроска банка за обнова и развој) за мали и средни претпријатија во Србија и во Македонија, а е предавач и на Мокрогорската школа за менаџмент.

Маратонец и триатлонец, со завршени 27 маратони (42,2 км), 13 полуајронмен триатлони (113 км) и два ајронмен триатлони (226 км).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...