Свет

„Волмарт“ ќе ги зголеми платите на вработените

27 сеп 2020

Ќе се зголемат платите и ќе се реструктуираат одредени работни места за на вработените да им овозможиме поголем простор за напредок во кариерата и уште повисоки плати во иднина, соопшто трговецот „Волмарт“. 

Околу 165.000 вработени во „Волмарт“ ќе ги добијат повисоките плати уште во октомври. Минималната плата за работниците во деловите од маркетите наречени „деликатес“ и „пекарница“ ќе се зголеми на 15 (или повеќе) долари за 1 саат, од досегашните 11 долари. Зголемување ќе има и за специфичните и квалификувани работни места кои се плаќаат по час во супермаркетите. 

Исто така, трговскиот синџир дополнително ќе инвестира во секторите „преземање“ и „испорака“. 

„Волмарт“ управува со повеќе од 11.300 продавници во 27 земји, има своја, развиена интернет-трговија и вработува повеќе од 2,2 милиони работници ширум светот. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ поставува болничка вентилација во продавниците

16 окт 2020

„Алибаба“ го купи мнозинскиот пакет акции на „Сунарт“

16 окт 2020

„Х5 Ритаил груп“ наскоро со формат на хард-дисконт

16 окт 2020

„Лореал“ после 15 години го менува извршниот директор

16 окт 2020

Кинеската економија се извлече од ковид-кризата

16 окт 2020

Полска: „Амазон“ вработи дополнителни 2.000 работници

16 окт 2020
Вчитува уште новости...