Свет

„Амазон“ ќе вработи уште 100.000 работници

14 сеп 2020

Американскиот дигитален гигант „Амазон” денеска соопшти дека ќе ангажира дополнителни 100.000 работници во САД и Канада за да бидат во чекор со силното темпо на побарувачката за купување преку интернет во период на пандемија.

Ова ќе биде четврти циклус на вработување оваа година во најголемата светска интернет продавница, која планира да ангажира работници со полно и скратено работно време во 100 нови магацини и оперативни филијали што ќе бидат отворени овој месец.

На крајот на јуни, „Амазон” имаше 876.800 работници, не сметајќи ги подизведувачите и работниците на определено време.

Работниците ќе бидат ангажирани за прифаќање, пакување и доставување производи до дома.

Компанијата паралелно воведува и автоматизација во најновите згради. 

Ќе продолжиме да ја применуваме технологијата таму каде што е соодветно и каде што можеме да го подобриме целокупниот тек на работа, соопштија од „Амазон“. 

Покрај најавените нови 100.000 работни места, гигантот ја проценува и потребата за сезонско вработување во текот на зимата.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...