Свет

„Карфур“ презема 172 објекти во Шпанија

27 авг 2020

„Карфур“ ќе преземе 172 објекти на „Суперсол“ во Шпанија, кои главно се распоредени во Андалузија и регионот на Мадрид. 

Објектите ќе бидат ребрендирани во три формати: „Карфур експрес“, „Карфур супермаркети“ и „Супеко“. 

Вредноста на трансакцијата е проценета на 78 милиони евра. Преземените продавници во 2019 година остварија нето продажба од околу 450 милиони евра. 

На овој начин, ќе ја зацврстиме својата позиција во Шпанија така што ќе ја диверзифицираме продажната мрежа и ќе го засилиме присуството на форматите кои имаат пораст, во согласност со стратегијата која се темели на планот за трансформација Карфур 2022, соопшти трговецот. 

Трансакцијата е подложна на вообичаените законски услови и процедури, па дозволата за преземање се очекува во почетокот на 2021 година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...