Свет

„Севн & ај“ ги купи бензинските станици „Спидвеј“

07 авг 2020

Јапонскиот концерн „Севн & ај“ ги купи бензинските станици „Спидвеј“ од корпорацијата „Маратон петролеум“ за 21 милијарда долари (17,81 милијарди евра).

Со договорот се опфатени бензинските станици и продавниците „Спидвеј“, кои во САД се познати по извонредното кафе.

Ова е една од најголемите зделки на јапонска компанија во САД. „Спидвеј“ има околу 4.000 локации во САД, а „Севн & ај“ има повеќе од 70.000 објекти во 18 различни земји.

Коронавирусот нема да трае до недоглед. Направивме стратешки потег, кој дефинитивно ќе се исплати за пет до десет години, изјави Рјуи Исака, генерален директор на „Севн & ај“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...