Свет

Спас на економијата: Велика Британија ќе дели ваучери и за деца

06 Jul 2020

Британскиот министер за финансии најави план за издавање ваучери од по 500 фунти за возрасни, односно по 250 фунти за деца, како помош на секторите погодени од корона кризата. 

Предлог-планот го смисли тинк-тенк фондацијата „Резолушн“, пишува британски „Гардијан“.

Ваучерите би требало да се трошат во секторите угостителство и малопродажба, продажба „лице во лице“ и онлајн купување.

Според весникот, за неколку дена и официјално ќе биде објавена шемата на владата за поддршка на работни места и за текот на стопанството низ кризата предизвикана од пандемијата.

Овие предлози се слични на плановите спроведени во Кина, Тајван и Малта.

Имено, кинескиот град Вухан, во кој  првично изби епидемијата, во април издаде ваучери во вредност од 500 милиони јуани (57 милиони фунти), кои можеа да се користат во ресторан, шопинг-центри, продавници и културни, спортски и слични содржини.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...