Свет

Вредноста на е-трговијата во Германија надминува 100 милијарди евра

02 јул 2020

Првпат досега се очекува вредноста на е-трговијата во Германија во 2020 година да надмине 100 милијарди евра (околу 103,4 милијарди евра).

Тоа би значело пораст за 10% во споредба со минатата година, кога Германците потрошиле 94 милијарди долари за купување преку интернет.

Германија е еден од најзрелите европски пазари во однос на е-продажбата. Според истражувачката агенција „Ритеил икс“, интернет користат дури 95% од населението. Минатата година 84% од Германците купиле барем еден артикл преку интернет, а годинава тој удел се очекува да се зголеми за еден процент.

Студијата „Ритеил икс“ покажува дека минатата година главната причина за е-трговијата била директната достава до дома (67%). Околу  66% од испитаниците како главна предност ја посочуваат 24-часовната достапност на е-трговците, додека 61% ја посочиле е-трговијата како полесен начин на купување.

Според агенцијата „Ритеил икс“, поголемиот дел од производите што се купуваат онлајн се од категориите текстил и обувки (58%), а најмалку се купуваат храна и пијалаци (18%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...