Свет

„Алди“ поставува семафори за да го ограничи бројот на потрошувачи

28 мај 2020

„Алди“ во Велика Британија ќе постави семафори на влезовите на своите објекти, за полесно да го ограничи бројот на потрошувачи за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Светлото се менува од црвено во зелено кога ќе може да влезе следниот потрошувач. Од „Алди“ велат дека тие го контролираат бројот на потрошувачи во продавницата, во зависност од големината на објектот и упатствата за физичко растојание од два метра.

Вратата се отвара автоматски само кога семафорот покажува зелено светло. Од оваа недела семафори ќе бидат поставени во продавниците на „Алди“ во Велика Британија, по пробниот период во првите 10 објекти.

Исто така, „Алди“ обезбеди приоритетно купување за здравствените работници, па затоа се охрабруваат да одат десно до почетокот на редот. Од „Алди“, апелираат до другите потрошувачи да го почитуваат нивниот приоритетен пристап.

Заштитата и безбедноста на нашите порошувачи и вработени е приоритет и овој нов

систем е точен и ефикасен начин кој ни овозможува да го контролираме бројот на потрошувачи во продавниците. Пилот-проектите се добро прифатени од нашите потрошувачи и постепено ќе воведуваме нови мерки за физичко растојание низ целата земја од оваа недела, рече Ричард Торнтон, директор за комуникации во „Алди“.

И други трговци истражуваат нови технологии за ограничување на бројот на потрошувачи во продавниците подготвувајќи се за долгорочни мерки за физичко растојание.

Минатата недела „Асда“ објави дека тестира виртуелен систем на чекање, така што потрошувачите ќе можат од далечина да се пријават и да чекаат во својот автомобил додека дојде нивниот ред да влезат во продавницата.

„Теско“, „Сенсбери“ и „Коста“, исто така, размислуваат за виртуелни простории за чекање и за автоматски системи за броење на потрошувачи, како дел од опциите за нарачка и намалување на трошоците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...