Свет

Британската малопродажба-пред банкрот!

24 мај 2020

Британската малопродажба забележа рекорден пад на прометот, поради пандемијата со Ковид-19.

Прометот во март падна на 18,1 во март, најмногу по 1988 година. На годишно ниво, прометот падна вкупно за 22,6 отсто. 

Силен пораст на прометот беше забележан само во каталошката, односно онлајн продажбата, како и продажбата преку интернет, за 18 отсто. Повторно се зголеми и продажбата во продавниците за алкохол, за 2,3 отсто. 

Продажбата на облека „потона“ речиси за половина, за 50,2 отсто. Исто така и тука, продажбата преку интернет достигна рекордни 30,7 отсто. 

Мерките за сузбивање на пандемијата стапија на сила дури во третиот месец од годинава, кога кризата стана поизразена. Тоа предизвика и затворање на многу помали продавници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...