Свет

Розе вино со потпис на „Долче & Габана“

22 мај 2020

Сицилијанските винари од „Донафугата“, во соработка со модната куќа „Долче & Габана“, направија ново вино розе.

Атрактивното вино Rosa 2019 е купаж од автохтони сорти грозје, кои потекнуваат од падините на вулканот Етна и од ридот над Контеса Ентелина кај Палермо.

Новото вино се одликува со елегантен мирис на јасмин, диви јагоди, праски и бергамот-портокал. Етикетата е шарена и весела, инспирирана од сицилијанските кочии, кои традиционално се обоени во ведри цветни бои.

Одамна сакавме да учествуваме во создавањето на розе вино, бидејќи сме фасцинирани од неговата боја. Името Rosa е одбрано за прецизно да ја нагласи неговата единственост, велат од модната куќа „Долче & Габана“, чии дизајнери ја креираа етикетата на новото вино.

Цената на Rosa 2019 сè уште не е позната, а од „Донафугата“ соопштуваат дека продажбата ќе почне во јуни, првично преку е-каналот.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



„Алди“ преминува на пластични палети

01 јун 2020

Германија подготвува пакет економски мерки вредни 80 милијарди евра

01 јун 2020

„Арамарк“ отвора продавници во болниците

01 јун 2020

На 15 јуни Велика Британија ќе ги отвори сите продавници

01 јун 2020

Грција од идното лето ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба

01 јун 2020

„Теско“ повторно ги воведува белите јајца

01 јун 2020
Вчитува уште новости...