Свет

„Др.Еткер“ оствари 3,39 милијарди евра промет во 2019 година

19 мај 2020

Познатата германска компанија „Др.Еткер“ лани забележа раст на приходите од продажбата за 12,3 отсто. 

Приходите пораснаа на 3,39 милијарди евра, за што придонесоа и многубројните значајни аквизиции. Германскиот производител забележа и пораст на прометот на сите пазари на кои работи. 

Меѓу најзначајните аквизиции се спојувањето на брендот Alsa во Франција, Холандија, Белгија и Португалија, како и аквизициите на финската компанија „Конфети“ и данската „Багетид“. Најголем пораст „Др.Еткер“ има на матичниот, германски пазар, каде имаше вложувања во развој на производи за печење, свежи десерти и пици, додека категоријата „мусли“ имаше нешто полоши резултати од очекуваните. 

Минатата година, „Др.Еткер“ вложи 149 милиони евра во обнова и модернизација на производствените погони во Велика Британија, во Канада и во Јужноафриканската Република. 

Поради пандемијата, компанијата се воздржа од прогноза за деловните резултати за оваа година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...