Свет

Франција фрли 10 милиони литри пиво поради карантинот

07 мај 2020

Големите ограничувања наметнати поради пандемијата на коронавирусот сериозно ги погодија пиварите во Франција, кои беа приморани да фрлат најмалку 10 милиони литри пиво, поради нагло опаѓање на побарувачката.

Бројките ги објави Асоцијацијата на пивари во Франција по состанокот со претставници на 300 компании, кои опфаќаат 98 проценти од францускиот пазар.

Затворањето на кафулињата, рестораните, прекинот на туристичката активност и откажувањето на сите фестивали и саеми, доведоа до истекување на рокот на повеќе од 10 милиони литри пиво, главно во буриња, се вели во соопштението на организацијата.Уништувањето на пивото ќе доведе до значителни трошоци за пиварите.

До крајот на април, околу 25 проценти од пиварите во земјата беа целосно затворени, а други 40 отсто го намалија производството за најмалку 60 проценти. Вкупно 70 проценти од пиварите најавија пад на приходите од 50 проценти по 15 март. Половина од фирмите успеаја да добијат државна помош.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...