Свет

„Унилевер“ гарантира исплата на платите за три месеци

25 мар 2020

Холандско-британскиот произведувач „Унилевер“ гарантираше исплата на платите и обврските кон добавувачите во следните три месеци како заштита од финансиското влијание на коронавирусот. 

Планот за заштита ги опфаќа постојано и привремено вработените, како и оние кои работат по половина работно време. Производителот на сапуните Dove и на Knorr супите претстави и програма за помош во висина од 500 милиони евра со кои планира да им помогне на најранливите мали и средни добавувачи и да ги кредитира малите трговци. 

„Унилевер“ исто така, ќе донира сапуни, сретства за дезинфекција и храна во вредност од 100 милиони евра во борбата против коронавирусот. 

И други компании најавуваат помош за работниците кои се најдоа во финансиски проблеми поради пандемијата со коронавирус. Американскиот „Монделез“ ги зголеми платите за по два долари/час и ќе исплатува неделен бонус од по 125 долари за продажните претставници кои помагаат да се подмири зголемената побарувачка за пакувана храна. Компанијата „Ј.М. Шмуцкер“, пак, ќе исплати еднократни бонуси од по 1.500 долари за 5.700 работници во производството и дистрибуцијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...