Свет

Во ЕУ ќе се произведуваат производи со подолг рок на траење

12 мар 2020

Европската комисија ќе предложи закон со кој сака да овозможи производи кои ќе имаат подолг рок на траење, како и производи кои ќе можат да се користат повторно и да се рециклираат.

Претставен е нов акциски план за кружната економија што е еден од кличните елементи на „зелениот план на Европа“, новата европска стратегија во економијата.

Со овој акциски план Европската комисија сака да постигне одржливоста на производите да стане норма во ЕУ, па ќе бидат предложени закони за политика на одржливи производи.

Европската комисија најави дека за да се продолжи рокот на употреба на производите, за да се олесни повторната употреба и рециклирањето, треба да се користи рециклиран материјал наместо материјал за еднократна употреба.

Еднократната употреба ќе биде ограничена, објави Европската комисија, додавајќи дека законот особено ќе важи за третманот на електронски производи.


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...