Свет

Кина ја забранува пластиката

20 јан 2020

Кина, која е еден од најголемите корисници на пластика на светот, објави амбициозен план за забрана на пластиката за еднократна употреба низ земјата.

Неразградливи кеси ќе бидат забранети во најголемите градови до крајот на годинава, а до 2022 година и во сите градови. Ресторанската индустрија до крајот на годината ќе мора да се откаже од пластични сламки за една употреба.

Кина долго време се мачи да се справи со ѓубрето што го прават нејзините 1,4 милијарди жители. Најголемата депонија во земјата, која има големина на 100 фудбалски игралишта, веќе е полна, 25 години пред предвидениот рок. Само во 2017-та, урбаните домаќинства насобрале 215 милиони тони отпад, но нема официјални податоци колку се рециклира.

Иако пластичните кеси ќе бидат забранети во сите градови до 2022, тие ќе можат да се користат на пазарите за свежи производи до 2025 година. Ресторанската индустрија ќе мора да ја намали употребата на пластиката за еднократна употреба за 30 отсто, а таа целосно ќе биде забранета во хотелите до 2025 година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...