Свет

„Теско“ влегува во Шпанија и во Пакистан

24 дек 2019

Британскиот трговец „Теско“ ја отвори својата прва продавница во Шпанија под брендот The Food Co. 

На купувачите ќе им бидат на располагање 7.500 производи, главно храна и пијалоци. До крајот на 2021 година, „Теско“ ќе отвори продавници и на Ибица, во Мадрид и во Барселона. 

Шпанија е 14-та земја во која „Теско“ отвори свои маркети. Од компанијата соопштија дека поседуваат водечки пазарен удел (покрај во матичната држава Велика БРитанија) и во Ирска, Унгарија, Малезија и Тајланд. 

Пред влезот на шпанскиот пазар, британскиот синџир го отвори својот прв објект и во Пакистан. Присуството во оваа азиска држава е поврзано со локалниот „Алфа супермаркет“. Се планира отварање на уште 50 продавници од експрес формат во Пакистан. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...