„Теско" и „Карфур"? „Сеинсберис" и „Асда"? „Казино", „Ошан", „Метро" и „Шивер"? „Карфур" и „Систем ју"? Се појавуваат сè повеќе сојузи меѓу трговците низ цела Европа...
Најголемото раздвижување на европскиот малопродажен пазар е најавата дека „Теско" и „Карфур"ги здружиле силите за набавка на брендирани производи и на производи за приватните марки. Трговците ќе работат заедно со меѓународните доставувачи на приватни марки и брендови, а ќе соработуваат и на полето на маркетингот и собирањето податоци.
„Сеинсберис" и „Асда", вториот и третиот по големина трговец во Велика Британија, постигнаа договор за спојување. Доколку договорот добие одобрување од надлежните органи, новата компанија ќе го надмине најголемиот трговец на Островот – „Теско".
Во меѓувреме, „Казино", „Ошан", „Метро" и „Шивер" го имаат склучено сојузот „Хорајзн", кој на меѓународно ниво ќе дејствува во три области. Преку првата област меѓународни услуги, „Ошан", „Казино" и „Метро" (вклучувајќи го и „Реал") ќе имаат можност да им понудат услуги на доставувачите врз основа на нивните комплементарни географски локации и нивното присуство во различни земји.
Конечно, „Карфур" и „Систем ју" потпишаа петгодишен договор, кој вклучува заеднички преговори за набавка со доставувачите на А-брендови, но, пред сè, ова партнерство има намера да ги фаворизира француските земјоделски производители.
Извор: www.plmainternational.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.