Производителот објави дека се префрла на следливо какао во производството на неговите брендови на чоколада во Велика Британија, како што се KitKat, Quality Street, Aero, After Eight, Yorkie, Rolo и Munchies.
Во производството, компанијата ќе користи какао одгледувано од семејства кои се членки на програмата Income Accelerator, почната во 2022 година за да се намали јазот во приходите на семејствата кои одгледуваат какао и ризикот од детски труд.
По првичниот тест, во кој беа опфатени 10.000 семејства, од 2024 година програмата беше проширена на 30.000 семејства од Брегот на Слоновата Коска и Гана. До 2030 година, програмата има за цел да опфати околу 160.000 семејства кои одгледуваат какао.
Веста дека целото наше чоколадо во ОК сега е направено од какао добиено преку програмата Income Accelerator е многу значајна пресвртница за „Нестле“. Не е лоша работа да се набави какао со вакво ниво на следливост. Оваа промена бара многу напорна работа од многу луѓе, но знаеме дека има уште многу да се направи, рече Марк Дејвис, управен директор за кондиторски производи за „Нестле“ – Велика Британија.
На локацијата на компанијата во Јорк, секоја година се користат 15.000 тони какао за производство на чоколада.
Како дел од промената, пакувањата со чоколади KitKat ќе имаат QR код кој потрошувачите ќе можат да го скенираат за да дознаат повеќе за оваа програма и потеклото на какаото што се користи во производството на овие производи.
Фото: Нестле
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.