Свет

Голема француска фузија во најава?

30 мај 2023

„Казино“ и „Ле мускетер“ се во ексклузивни преговори за продлабочување и проширување на стратешката соработка.

Двете малопродажни групации имаат намера да го продолжат времетраењето на нивната алијанса за набавка, наречена „Уксо“, до 2028 година. Дополнително, тие планираат да формираат нови партнерства, меѓу кои и сојуз за набавка на храна за приватните трговски марки.

На средината од март „Казино“ се договори со градинарскиот центар „Теракт“, трговец со храна за миленичиња, да почне ексклузивни преговори за спојување. Аквизицијата би создала два посебни ентитета – еден контролиран од „Казино“, кој ќе ги обедини малопродажните активности во Франција, a вториот е новиот „Теракт ферме Франс“, кој би бил задолжен за набавка на локални земјоделски производи преку краток синџир на снабдување.

„Казино“ има проблем со високите долгови, кои се очекува да достигнат до 3 милијарди евра во 2024 и 2025 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...