Во Германија стигнува нов трговец од Кина, кој би можел да стане сериозен конкурент на „Лидл“ „Реве“ и „Алди“, бидејќи овој синџир планира да ја освежи германската малопродажба со иновации, пренесе „Пословни.хр“.
Имено, подружницата „Очама“ од „ЏД.ком“ ќе се шири на германскиот пазар. Наскоро се отвараат првите продавници во градови во Германија. За дел од Европа се планирани натамошни преземања за услугата „Клик&Колект“.
Што ја прави „Очама“ толку иновативна? Кинеската компанија нуди нов вид „кликни и собери“ состав за намирници што во основа е многу едноставен. Купувачите поволно ги нарачуваат производите што ги сакаат, кои потоа се испорачуваат до пунктовите на „Очама“, каде можат и да се преземат. Платете, скенирајте го кју-ар кодот и земете ги производите - принципот е толку едноставен.
Предноста на системот е работното време, што им нуди на купувачите поголема флексибилност во споредба со „Реве“ или „Алди“, на пример. Исто така, „Очама“ сака покрај прехранбени, на купувачите да им понуди и непрехранбени производи, како електронски уреди.
Извор: Пословни.хр
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.