Свет

Полска: „Кауфланд“ вложува 25 милиони евра во своите вработени

21 ное 2022

Трговскиот синџир „Кауфланд“ најави дека ќе вложи 25 милиони евра во зголемување на платите за своите вработени. 

Благодарни сме на сите вработени за секојдневниот труд што го вложуваат во развој на нашата компанија. Обезбедувањето стабилни и атрактивни услови за вработување останува наш приоритет. Ги зголемуваме платите, а поради натамошен развој планираме да отвориме и нови работни места. Нашата компанија веќе има повеќе од 15.000 вработени во разни делови на земјата. Драго ни е што заедно сме еден тим кој се грижи за задоволството на купувачите на највисоко ниво, соопштија од менаџментот на „Кауфланд“. 

Неодамна, компанијата издвои буџет од 3 милиони евра за ваучери што вработените можат да ги искористат во продавниците на трговецот. 

да потсетиме, и други трговци ширум Полска најавија повисоки плати за вработените - „Лидл“, на пример, вложува речиси 50 милиони евра во отворање нови работни места и повисоки плати. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...