Свет

Германија: „Лидл“ воведе торба за спасување

05 авг 2022

Трговецот „Лидл“ воведе „торба за спасување“ (rescue bag) за овошје и зеленчук кои не се совршени, ширум своите продажни места во Германија во обид да го спречи фрлањето храна. 

Торбите за спасување се достапни по намалена цена од 3 евра за парче.

Во Германија секоја година се фрлаат по околу 11 милиони тони храна. Малопроаджбата сочинува 7 отсто од таа количина, соопштија од „Лидл“. 

Во „торбата за спсување“. тешка до 5 килограми, се наоѓаат различни видови овошје е зеленчук, меѓу другото, со оштетена амбалажа или парчиња што треба да се сортираат.  

Со холистичкиот концепт „спаси ме“ и „торби за спасување“ сакаме да работиме заедно со нашите купувачи за да заштедиме храна. Особено кај овошјето и зеленчукот, губитоците настануваат брзо, па создавањето отпад го намалуваме така што нудиме несовршени производи по многу намалени цени. Храната приѓа во чинијата, а не во кантата за отпад, соопштија од „Лидл“ - Германија. 

До 2025 година, дисконтерот има за цел да го намали отпадот од храна и органскиот отпад за 30 отсто. Од крајот на 2020 година, пак, производите со краток рок на траење се нудат на попуст во зелени кутии со натпис „уште сум добар“ и успешно се продаваат. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...