Свет

„Алди“ објави насоки за поддршка на трансродовите колеги

20 јун 2022

Велика Британија: Германскиот дисконтер „Алди“ претстави низа насоки за поддршка на трансродовите колеги кои минуваат низ транзиција или веќе поминале низ неа.

Целта на водичот е да им даде препораки на раководителите или вработените за тоа како да им помогнат на своите колеги да се вратат на работа после транзицијата. Овие насоки се дел од широка стратегија на компанијата насочени кон постигнување еднаквост и инклузивност. 

Сакаме „Алди“ да биде разнолико, инклузивно и добро работно место за работа, за секој. Вработените мора да се чувствуваат сигурно за да доаѓаат на работа и веруваме дека овие насоки ќе помогнат да ги направиме нашите работни места сигурни за секого, соопштија од „Алди“ - Велика Британија.  

Компанијата исто така има намера оваа година да учествува во претстојните случувања во рамки на Месецот на гордоста во Бирминген и Манчестер, каде ќе се приклучи во поворките. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...