Свет

Германија: „Лидл“ ќе плаќа повисоки почетни работни часови

16 мај 2022

Германскиот дисконтер „Лидл“ најави зголемување на вредноста на бруто - почетните саатници од 1 јуни годинава. Новите вработени исто така ќе добијат и договори за работа на неопределено време, како и бројни можности за унапредување и напредување во кариерата, соопштија од компанијата. 

Навистина ни е важно нашите работници да ги платиме за целиот труд што го вложуваат во својата работа, која често е надпросечна. За нас како работодавец, секогаш било важно реално да ги платиме нашите вработени, изјави Кристијан Хартнагел, извршен директор на „Лидл“ во Германија.  

Во март годинава „Лидл“ најави зголемување на бруто - платата од по 100 евра за почетниците и учесниците во средношколската програма. Со ова зголемување, учесниците во оваа програма од 1 август ќе добиваат по 1.100 евра месечно во текот на првата година и по 1.200 и 1.350 евра месечно во втората и третата година од учеството во програмата. 

Со зголемувањето на почетниот час на 14 евра, „Лидл“ ќе го надмине законскиот минимум од по 12 евра што ќе се применува од октомври. Од компанијата соопштија дека нивниот бруто - минимален почетен час може да достигне до 18,26 евра кога на моменталната цифра ќе се додадат божиќните и празничните бонуси. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...