Свет

„Алберт Хеин“ ги отстрани бесплатните кеси за овошје и зеленчук

10 мај 2022

Холандскиот синџир супермаркети „Алберт Хеин“ ги отстрани бесплатните пластични кеси од своите оддели за овошје и зеленчук. Се очекува дека со овој потег ќе се заштедат 243.000 килограми пластика годишно. 

Во иднина купувачите ќе можат да купат кеси кои можат да се перат и се погодни за повеќекратна употреба. 

Претходно, трговецот во своите услуги за достава на намирници имаше кеси што купувачите требаше да му ги вратат на доставувачот. На тој начин компанијата рециклираше по 645.000 килограми пластика (31 милиони кеси) на годишно ниво. 

„Алберт Хеин“ беше шести пат по ред избран за најодржлив синџир супермаркети во Холандија според Индексот на одржливи брендови 2022, водечко и најголемо истражување во Европа во секторот на потрошувачки брендови и одржливост. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...