Свет

„Карлсберг“ ќе ја зголеми цената на пивото

07 фев 2022

Данската пиварница „Карлсберг“ планира да ја зголеми цената на своето пиво за да ги надомести зголемените трошоци за суровини, што потенцијално може да влијае на продажбата на пиво во текот на оваа година. 

Третата по големина компанија за пиво во светот објави поголема продажба од очекуваната во четвртиот квартал, но очекува органскиот раст на оперативниот профит оваа година да биде под минатогодишното ниво.

Значајно повисоките трошоци и континуираното влијание на Ковид-19 ќе бидат предизвик во 2022 година, соопштија од компанијата. 

Трошоците за хектолитар минатата година се зголемија за 10-12% поради повисоките цени на суровините и транспортот. Компанијата има намера да ги надомести своите повисоки трошоци со зголемување на цените, иако тоа би можело да има „негативно влијание врз потрошувачката на пиво“.

„Карлсберг“ очекува органскиот раст на оперативната добивка да биде 0-7% во 2022-ра година, во споредба со 12,5% во минатата година.

Очекуваме поинаква ситуација оваа година и затоа имаме релативно широк опсег на финансиски насоки, рече извршниот директор на компанијата.

Од „Карсберг“ велат дека ќе се обидат да го надминат својот основен пазар на пиво во следните пет години. За таа цел, ќе се фокусира на категории на производи како јаболково и безалкохолно пиво, како и на врвните брендови како што се 1665 Blanc и Grimbergen, за кои тврди дека создаваат повисоки профитни маржи.

Приходите од продажба во четвртиот квартал достигнаа 15,2 милијарди круни (2,34 милијарди долари) во споредба со 14,7 милијарди круни, според аналитичарите.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...