Свет

Oreo без шеќер не „помина“ вo Кина

20 дек 2021

„Монделез“ го лансира Oreo Zero во Кина, земајќи ги предвид трендовите на социјалните мрежи кои ги прикажуваат диетите со намален шеќер и без шеќер како клучен тренд и ограничената достапност на бисквити со нула шеќер во земјата.

Реакцијата на потрошувачите беше малку разочарувачка... поради една или друга причина, потрошувачите чувствуваат дека тоа не е вистинската работа, изјави претседателот и главен извршен директор на „Монделез“, Дирк ван де Пут. Додавајќи дека тие може да понудат нов производ, но никогаш не се знае дали тој ќе се купува и јаде.

„Монделез“ постави цел да ја зголеми продажбата на Oreo за 1 милијарда долари до крајот на 2023 година. Брендот надмина 3 милијарди долари во глобална продажба во 2019 година.

Колачињата Oreo Zero содржат малтитол наместо традиционални шеќери како сахароза и гликоза, а промената дава многу мала разлика во вкусот.

Слабата реакција на потрошувачите го нагласува предизвикот за светските производители на добро познати брендови и производ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...