Свет

„Модерна 2020“ лансира нов формат продавници

19 ное 2021

Регионалниот италијански трговец со прехранбени производи „Модерна 2020“ воведе нов формат на макси продавници во Помпеја, на југот на земјата. 

Продавницата се наоѓа на место на поранешен трговски центар, кој е затворен пред помалку од една година. Просторот од околу 3.300 квадратни метри е дизајниран од нула, со цел да понуди добра комбинација на услуги, функционалност и гостопримство. Концептот на продавницата е со фокус на повеќе свежи производи во комбинација со посебен фикус на лични услуги. Тука има лабораторија за моцарела сирење, рибарница, оддел за суши, деликатесни сирења, овошје и зеленчук, оддел за билки и цвеќе, винотека, слаткарница, бар, книжарница и класична продавница. 

Импозантната структура, ценовната конкурентност, разновидност на одделите и на услугите се клучни елементи во повторното разработување на трговскиот центар „Порте ди Помпеи“, кој е во функција 30 години. 

„Модерна 2020“ е водечка компанија во секторот организирана малопродажба во јужна Италија, со вкупно 170 продавници лоцирани во четири региони. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...