Свет

Нова фабрика за бонбони на „Нестле Бугарија“

05 Nov 2021

Најголемиот производител на слатки во Бугарија, „Нестле Бугарија“, стана уште поголем. По тукушто завршената инвестиција од 19 милиони лева во машини за производство на бонбоните од брендот Smarties, швајцарскиот гигант во својата фабрика во Софија го сместува вториот глобален бренд по Kit-Kat, кој ќе се произведува во Бугарија и со фокус на странските пазари.

На површина од 4.000 квадратни метри се сместени 100 машини. Тие гарантираат производство на 2,3 милиони пакувања Smarties до крај на 2021 година, наменети за домашниот пазар и за извоз, пренесе бугарски „Капитал“. 

Во фабриката ќе има 70 нови вработувања. 

Целта е да достигнеме 4.000 тони годишно производство на Smarties, но капацитетот е многу поголем. Бонбоните првично ќе се извезуваат на 15 пазари. Сега Smarties се произведуваат во Велика Британија и Германија, но можно е производството од Велика Британија  да биде префрлено во Бугарија, изјави Нина Виткова, директорка на фабриката, пишува „Капитал“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...