Свет

„Алди“ лансира сендвичи со веганска туна

26 окт 2021

Германскиот дисконтер „Алди“ од вчера во својот асортиман на производи додаде сендвичи кои претставуваат веганска алтернатива на туна на база на алги, под брендот BettaF!sh TU-NAH. 

Сендвичите се достапни во продавниците на „Алди норд“, по цена од 2,49 евра, во класична варијанта. Веганската туна што се користи во нив е производ од соработката со старт-апот „БетаФ!ш“, чиј проект претходно беше поддржан од трговскиот синџир „Алди“. 

Веганската туна е направена од европски органски алги кои можат да се одгледуваат на отворено море без слатка вода или адитиви. Освен тоа, во процесот на производство на веганската туна се користат и бројни природни вкусови како цвекло и пиперка, како и протеини од органски одгледана боранија. 

Туната е вид риба која најмногу се конзумира ширум светот и многу залихи веќе се загрозени. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...