Свет

Драстично поскапување на храната во Германија

13 окт 2021

Основните прехранбени продукти во Германија драстично поскапеа, а производителите се закануваат со дури 25 отсто повисоки цени во следниот период, пренесува магазинот „Феникс“.

Производителите како „Нестле“ и „Хенкел“ во моментот преговараат со големите трговски синџири за драстично зголемување на цените. Најголемиот производител на сушени тестенини во Германија „Биркел“, можно е да ги зголеми цените на своите производи за 19 отсто, а тестенините на производителот „Буитони“ дури за 25 отсто.

Причина е поскапувањто на шеќерот, житарките и другите сосотојки чија цена во последните месеци скокна за 40 отсто. Големите трговски синџири се борат против планираното поскапување на цените кое го најавуваат производителите. Тоа може да доведе некои производи да ги нема на рафтовите.

Во минатото, при вакви ситуации, некои трговски синџири не нарачуваа некои производи за да извршат притисок на производителите и така да го спречат зголемувањето на цените.

Во интервју за германски „Билд“, Бернард Бурдик од пртрошувачкиот центар во Северна Рајна Вестфалија предлага ослободување нов ДДВ за овошјето и зеленчукот за здравата храна да остане пристапна.
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...