Свет

„Конад“ претстави нов формат продавница во Милано

07 сеп 2021

Италијанскиот малопродажен синџир „Конад“ го претстави новиот формат на продавница – „Урбан“, на Пиацале Лорето, главниот градски плоштад во Милано.

Објектот се простира на 300 квадратни метри продажен простор и нуди неколку новини. Одделот за деликатеси се карактеризира со голем асортиман за самоуслужување, а проширена е и понудата за овошје и за зеленчук. Освен изборот од пакуван леб и колачи, купувачите имаат на располагање и месо, различни видови сирења и гастрономска понуда за носење.

Од „Конад“ велат дека целта на новиот формат е да привлече нови купувачи, кои сакаат побрзо и поедноставно купување. Како што соопштуваат, пилот-проектот „Урбан“ би можел да заживее и во другите делови на Милано, па дури и во различни градови, иако ќе биде неопходно да се работи на асортиманот за оптимално да одговори на потребите на купувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...