Свет

„П & Г“ им помага на жителите на Луизијана

07 сеп 2021

Компанијата „Проктер & Гембл“ ќе донира средства за лична хигиена и за чистење и ќе понуди услуги за перење облека на семејствата, поединците и сите загрозени од ураганот Ида, кој ја погоди американската држава Луизијана.

Веќе е поставена мобилната единица Tide Loads of Hope, која нуди бесплатни услуги за перење облека. Жителите може да донесат облека, до две единици по домаќинство, за перење, сушење и за пеглање.

Во соработка со министерството за здравство, „П & Г“ ќе дистрибуира и бесплатни сетови за лична хигиена со сејдневни неопходни производи и средства за чистење. Брендовите што се дистрибуираат се: Always, Bounty, Charmin, Crest, Dawn, Febreze, Ivory, Gillette, Mr. Clean, Old Spice, Oral-B, Pampers, Pantene, Secret, Swiffer,Tampax, Tide и Venus.

Ураганот Ида, кој на 29 август ја погоди Луизијана, нанесе огромна материјална штета и поплави во целата држава, оставајќи повеќе од милион луѓе без струја.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...