Свет

Веганска линија на природна козметика

30 јул 2021

Германски „Алди“ претстави нова линија сертифицирана, веганска козметика под брендот на својата приватна трговска марка Biocura Nature, во рамки на пробен проект. 

Меѓу новите производи се шампон, крем за раце, сапун и производи за нега на лице и тело. Производите не содржат силикон, парафин, синтетички мирис ниту микропластика. Асортиманот е достапен во повеќе од 980 продавници на „Алди“.

Овој бренд го доби сертификатот „Вегански цвет“, што значи дека не содржи ниту една животинска супстанца, како што се пчелин восок или ланолин и не се тестирани на животни. Имаат и одржливо пакување од 50 отсто рециклирана пластика. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...