Свет

Силен пораст на приходите на „Кока кола“

23 јул 2021

Американскиот гигант „Кока кола“ извести за силен пораст на приходите и добивката во второто тримесечје од годинава благодарение на зазадравувањето на побарувачката паралелно со ублажување на мерките за сузбивање на пандемијата.

Приходите во Северна Америка, најголемиот пазар на компанијата, пораснаа за 28 отсто во вториот квартал, поттикнати од отворањето на рестораните, стадионите и вакцините против Ковид-19.  Повторното отворање на стопанството во Европа, Азија и Латинска Америка, исто така го „потпре“ скокот на вкупниот приход на компанијата во второто тримесечие за 41 отсто, на 10,13 милијарди долари. Добивката по акција скокна 48 отсто, на 61 цент. 

Нашите резултати во во вториот квартал покажаа дека нашето работење се опоравува побрзо од стопанството во целина, соопштија од „Кока кола“. 

Конкурентот „Пепсико“, кој помалку зависи од продажбата во ресторани и барови, извести за скок од 20,5 отсто во вториот квартал. 

„Кока кола“ не забележа никакво влијание на продажбата откако фудбалерот Кристијано Роналдо тргна две шишиња од пијалокот на прес конференција за време на европското првенство во фудбал. „Кока кола“ таму беше еден од спонзорите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...