Свет

„Капрабо“ почна силна промоција на локални производи

29 Jun 2021

Шпанскиот трговец „Капрабо“ покрена иницијатива за поголема продажба на производи од локалните производители. Во таа насока, објави дека ќе почне да продава јајца од каталонските фирми. 

Иницијативата коинцидира со лансирањето на годишна кампања за промоција на производите од Каталонија во аутлетите на „Капрабо“, како би се зголемила свеста за локалните производи и важноста на нивното производство. Меѓу производите се овошје, зеленчук, млечни производи, вино..

Минатата година, продажбата на локални производи во „Капрабо“ се зголеми за 25 отсто и достигна цифра од 36 милиони евра. 

Неодамна и германскиот трговец „Глобус“ најави дека до крајот на 2021 година сите јајца што ги продава под сопствен бренд ќе ги набавува од добавувачи кои не се поврзани со праксата за убивање машки пилиња. 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...