Свет

„Унилевер“ лансира картонска амбалажа за детергент

14 јун 2021

„Унилевер“ лансираше прототип шише за детергент од картон, кое прво ќе се појави на пазарот во Бразил следната година, а потоа и на другите пазари ширум светот. 

Шишето ќе се користи за брендот Omo кој на другите пазари е познат и како Persil, Skip и Breeze.

Производот е развиен во соработка со конзорциумот „Пулпекс“. Шишето е направено од пулпа добиена од одржливи извори. Внатре е прскано со специјален спреј со соодветен премаз кој одбива вода, што го чини погодно и за течни производи. Дизајнирано е така да може да се рециклира во вообичаен отпад за хартија.

„Унилевер“ соопшти дека е во потрага по слична технологија и за шишињата за шампони. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...