Свет

До 2025 година, „Амазон“ ќе стане главен трговец во Велика Британија

08 јун 2021

„Амазон“ - Велика Британија ќе стане главен трговец во Велика Британија до 2025 година, со што ќе го презеде водството од „Теско“, покажа студијата на платформата за истражување на пазарот „Едџ ритеил инсајт“. 

Минатата година, „Амазон“ - Велика Британија оствари продажба во вредност од 36,3 милијарди фунти, додека „Теско“ објави речиси двојна продажба, од 64 милијарди фунти. Но, според истражувањата, работите ќе се променат по четири години, кога „Амазон“-Велика Британија ќе оствари продажба од 77,1 милијарди фунти. Се очекува дека тогаш, интернет гигантот ќе има удел од 15 отсто од вкупната продажба во трговските синџири во Велика Британија, додека лани тој процент изнесуваше 9,1 отсто. 

Велика Британија е еден од најголемите трговски пазари во Европа и клучен пазар за многу брендови. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...