Свет

„Лекерланд“ тестира самоуслужни киосци во болниците

29 апр 2021

 Големопродажниот трговец „Лекерланд“, кој е во сопственост на групацијата „Реве“, ќе тестира самоуслужни киосци во болниците „Сана Клиникен“ во Минхен и во Штутгарт.

Како дел од пилот-проектот, пациентите, вработените и посетителите на болниците ќе можат да купуваат различни производи, да ги скенираат и на тој начин да платат за нив.

Всушност, киосците се еден вид мини-продавници без продавачи. За време на првичниот тест асортиманот ќе биде сочинет од различни грицки, пијалаци и непрехранбени производи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...