Свет

Неочекувано силен скок на кинескиот извоз

13 апр 2021

Кинескиот извоз во март се зголеми за 30 проценти во споредба со истиот период од минатата година, што претставува дополнителен силен раст на надворешната трговија на земјата. 

Податоците од кинеската Царина, објавени денеска, исто така, укажаат на неочекувано силен скок на увозот, што пораснал за 38,1 процент.

Март е деветти месец по ред на раст на кинескиот извоз, а увозот, пак, се зголемува шести месец по ред. 

Во првите два месеци од годинава, извозот на Кина скокна за 60,6 проценти. Увозот порасна за 22,2 проценти во јануари и февруари.

За целиот прв квартал има зголемување на извозот за 49 проценти, и раст на увозот за 28 проценти, соопшти кинеската Царина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...