Свет

„Тортонс“ ќе ги затвори сите продавници

02 апр 2021

Производителот на чоколада „Тортонс“ планира да ги затвори сите преостанати продавници (61), со што околу 600 луѓе би биле изложени на ризик од загуба на работното место.

Компанијата, која од 2015 година е во сопственост на „Фереро“, на официјалната веб-страница истакна дека предизвиците со кои се соочува се преголеми.

И покрај сите напори, донесовме тешка одлука да го почнеме процесот на трајно затворање на нашиот продажен простор, соопшти директорот за малопродажба Адам Годард.

Компанијата „Тортонс“, со седиште во Дербишир, ќе продолжи да работи онлајн. Освен тоа, чоколадата Thorntons ќе бидат достапни и во супермаркетите на други трговски синџири.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...