Велика Британија од 6 април ќе воведе нови ограничувања поради Ковид-19 за сите превозници кои ќе влезат во земјата.
Како што соопшти британското Министерство за надворешни работи, превозниците што ќе останат 48 часа, ќе треба да направат тест за антиген пред крајот на вториот ден. Во случај нивниот престој да биде подолг од два дена, тие се должни да поминат низ тестирање во петтиот и осмиот ден. Тестовите се вршат бесплатно во назначените државни центри.
Од превозниците се бара да останат во карантин во рок од 10 дена, а своите возила можат да ги напуштат само за набавка на храна и други продукти, кратки прошетки и тоалет.
Во случај на непочитување на прописите, ќе бидат изречени казни во износ од 1.000 британски фунти.
Во случај на инфекција со Ковид-19, од превозниците ќе се бара карантин на свој трошок во хотелите назначени од британските власти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.