Свет

„Амазон“ ја отвори првата продавница без персонал надвор од САД

08 мар 2021
„Амазон“ ја отвори својата прва продавница Just Walk Out минатата недела, надвор од САД, во лондонскиот кварт Илинг.
 
Продавницата има формат на супермаркет, а преовладува асортиманот на свежа храна. Првата продавница во рамките на концептот „Фреш“ беше презентиран од интернет гигантот минатата година во Калифорнија.
 
Во технолошка смисла, продавницата го следи концептот на „Гоу“. При влегувањето, потрошувачите го скенираат бар-кодот и по купувањето, тие едноставно го напуштаат објектот, бидејќи плаќањето е целосно автоматизирано.
 
Откако „Амазон“ ја отвори првата продавница од ваков вид, значително ја подобри технолошката поддршка за овие објекти. Системот содржи стотици камери и сензори, а исто така користи и вештачка интелигенција. На отворањето, малопродавачот воведе и нова линија на премиум производи „Наш избор“. Тој исто така соработуваше со синџирите „Бутс“ и „Морисонс“ за лансирање на одредени категории.
 
Продавницата има и посебен шалтер на кој посетителите можат да подигнат храна порачана преку интернет. Вкупната површина на продавницата во Илинг е околу 230 квадратни метри.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...