Свет

„Амазон“ купи 1.000 еко-камиони за испорака на своите пакети

09 фев 2021

Пандемијата го зголеми купувањето преку интернет и доставата до дома, поради што се зголеми бројот на возила за достава на нарачани пакети.

Зголемената активност на патиштата доведе до повисок степен на загадување. Транспортните компании ја градат својата мрежа на електрични возила за да ги намалат емисиите на јаглерод.

„Амазон“, кој забележа за 38% поголема продажба во 2020 година, нарача околу 1.000 камиони кои користат природен гас за нивниот погон. Тоа се големи камиони кои одат од магацините до дистрибутивните центри.

Амазон е возбуден од воведувањето нови одржливи решенија за товарниот транспорт и работи на тестирање на низа нови видови возила, вклучувајќи електрични, CNG и други, се вели во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...