Свет

Виртуелен самит на „Алибаба“ од 19 до 21 јануари

12 јан 2021

„Алибаба“ организира глобален виртуелен самит за нови продавачи наречен „Тмол Глобал“ (Tmall Global -Tmall Global New Seller Virtual Summit 2021) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари. 

Самитот е актуелен и за компаниите во регионов. Стопанската комора на Србија веќе ги повика српските компании да ја искористат можноста своите производи и брендови да ги претстават на огромниот кинески пазар.

„Тмол Глобал“ е платформа за електронска трговија на групацијата „Алибаба“, и како една од најпосетените интернет локации за малопродажба им овозможува на компаниите ширум светот да ги продаваат своите производи во Кина, соопштија од Комората. 

Платформата собира повеќе од 26.000 странски компании во 5.300 категории од повеќе од 84 земји, помагајќи им на странските брендови да дојдат до околу 800 милиони потрошувачи кои во Кина купуваат преку „Алибаба“. 

 

На Самитот ќе бидат претставени и нови деловни модели за мали и средни претпријатија кои сакаат нивните производи да влезат во секторот малопродажба. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Франција: Остар став за преземањето на „Карфур“

11 јан 2021

Италија: „Барила“ ја презеде британската „Паста евангелистс“

11 јан 2021

Британските трговци повикаа на итна интервенција за снабдување на Северна Ирска

11 јан 2021

САД: Сладолед за кучиња

11 јан 2021

Франција: Препорака за целосна забрана на нитритите во сувомеснатите производи

11 јан 2021

МОТ: Подобро да се заштитат работниците што работат од дома

11 јан 2021
Вчитува уште новости...