Свет

„Делез“ и „Алди“ промовираат здрав начин на исхрана

02 дек 2020

Трговците на мало развиваат нови начини за унапредување на здравјето и благосостојбата на купувачите.

Во Белгија, „Делез“ ја лансира картичката за лојалност SuperPlus, која нуди попусти на 5.000 производи со оцена А или Б од системот NutriScore.

Во Велика Британија, „Алди“ во партнерство со Британското диететско здружение промовира „здрава кошница за купување“. Кошницата содржи 49 производи, кои чинат помалку од 45 фунти. Малите промени што луѓето можат да ги направат се поздрави и одржливи потрошувачки кошници, истакнуваат од „Алди“.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...