Свет

Франција: „Карфур“ и „Амазон“ го одложија „црн петок“

25 ное 2020

Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Маир, ги повика супермаркетите и малопродажните мрежи да го одложат денот за продажба на „црниот петок“ (black friday) на 27 ноември, бидејќи продавниците што продаваат несуштинска стока останаа затворени како дел од мерките за спречување на пандемијата. 

Малите продавници, на кои владата им нареди да затворат, искажаа загриженост дека ќе страдаат од конкуренција од гигантски компании за трговија на мало, како што е „Амазон“. Затоа и „Амазон“ попушти под притисокот на француските власти кои сакаат да обезбедат рамноправен пазарен натпревар и ја одложи големата понуда за „црн петок“ во Франција, со што им се придружи на локалните трговци

Дали в петок е навистина вистинското време да се организира "црн петок“? Мојот одговор е не, рече Ле Маир пред горниот дом на Сенатот во Франција.

Тој ќе побара од супермаркетите и он-лајн трговците да ги истражат сите опции за одложување на настанот, ден за попуст за купување што се одржува ширум светот, обично се совпаѓа со петокот на американскиот викенд на благодарноста.

Најголемиот европски трговец на мало „Карфур“ се согласи со апелот на министерот.

Француската влада се најде под притисок на продавниците и деловните субјекти да ги ублажат ограничувањата на време за периодот на божиќниот шопинг.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...