Свет

Формиран најголемиот трговски сојуз во светот

16 ное 2020

Петнаесет азиско-пацифички земји го формираа најголемиот трговски сојуз во светот во неделата, под покровителство на Кина и без учество на САД. 

Потпишувањето на Сеопфатното регионално економско партнерство (РЦЕП) на состанокот во Ханој се случи три години по распадот на Транспацифичкиот трговски договор (ТТП), што ќе биде едно од најголемите наследства на владата на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Во 2017 година, на првиот ден од неговиот мандат, неговиот наследник Доналд Трамп се повлече од тој договор, кој доколку стапеше во сила ќе опфатеше скоро третина од светската трговија. Договорот сега може дополнително да го зајакне влијанието на Кина во Азија, давајќи и подобра позиција да ги обликува трговските правила во регионот.

Договорот го потпишаа 15 земји – десет членки на Унијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН), Австралија, Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Договорот е значаен бидејќи ривалските регионални сили Кина, Јапонија и Јужна Кореја за прв пат се дел од заедничкиот трговски договор. Индија се повлече од договорот од 2019 година.

Договорот беше потпишан виртуелно, на самитот на АСЕАН, на кој се дискутираше за напнатоста во Јужното кинеско море и плановите за економско закрепнување по пандемијата на коронавирус. Целта на договорот, за кој се преговараше повеќе од десет години, е да се намалат царините во иднина, а некои од нив ќе бидат веднаш укинати, пренесува „Ал Џезира“.

ТТП ќе покрие 30 проценти од светската економија и 2,2 милијарди потрошувачи, соопшти Виетнам, домаќинот на состанокот. Договорот стапува на сила кога ќе го ратификуваат доволен број држави во следните две години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Германската економија во третиот квартал порасна за 8,5 отсто

17 ное 2020

Шкотска стана првата земја со целосно бесплатни менструални производи

17 ное 2020

„Амазон“ почна да продава лекови на рецепт

17 ное 2020

„Данон“ го реорганизира работењето

17 ное 2020

Франција: „Карфур“ и „Амазон“ го одложија „црн петок“

17 ное 2020

„7 Елевен“ влегува на пазарот во Изреал

17 ное 2020
Вчитува уште новости...